Овој мирис е создаден за мажите кои се авантуристи и кои сакаат да пробуваат различни нешта. Разигран мирис со свежи цитрусни ноти на зелен лимон и боровинка. Срцевината е компонирана од свежо-зачинети ноти на jackfruit и морско оревче, додека долготрајната основа е изградена на мошусно-дрвенестите ноти на сандалово дрво.
